Хирургија

Од понеделник ќе бидат подготвени две сали за закажани операции

06.06.2024 12:08

Со една сала што работи во две смени – ова значи дека има привремено, но, не и трајно решение за хаосот со оперативниот блок на Хирургија...

Резултатите од Германија се чекаат, хируршките клиники со надворешни и внатрешни компресори привремено го решаваат проблемот во здравството. Со една сала што работи во две смени – ова значи дека има привремено, но, не и трајно решение за хаосот со оперативниот блок на Хирургија. За пациенти со карциноми чекањето за операција може да биде фатално, бидејќи може да се појават метастази.

Најавено е дека од понеделник ќе бидат подготвени да почнат да работат во две сали во кои ќе се одвиваат закажани операции. Се зголемува бројот на пациенти коишто се на листите на чекање на хируршките клиники. Пред затворање тука се оперирале стотина пациенти дневно, досега на речиси 2.000 пациенти им се одложени интервенции.