Јавното обвинителство нема да покрене постапка за случајот „Македонска банка“
Јавното Обвинителство цени дека во конкретниот случај нема основи на сомнение дека пријавениот превзел дејствија на влијание и дека за таквите дејствија примил некаква имотна корист...

Според прибавените докази Јавното обвинителство нема основи за сомнение за сторено кривично дело противзаконито посредување во случајот „Македонска банка“.
Случајот го отвори опозициската СДСМ објавувајќи аудио снимка од телефонски разговор за кој тврдеше дека е помеѓу премиерот Груевски и српскиот тајкун газда Нини, а во кој се договара продажбата на „Македонска банка“ при што Груевски побарал 1,5 милиони евра во кеш.
Во официјалното соопштение од Обвинителството стои дека процесот на промена на мнозинската структура во банката е завршен веќе во месец јануари и истиот се одвивал согласно тогашните законски прописи.
Јавното Обвинителство цени дека во конкретниот случај нема основи на сомнение дека пријавениот превзел дејствија на влијание и дека за таквите дејствија примил некаква имотна корист. Доколку поминат десет години од извршување на кривичното дело, а во тој период не се преземе ниту едно процесно дејствие, во тој случај не може да се преземе кривично гонење се наведува во соопштението од Обвинителството.
