Образование

Прилепските матуранти го положија испитот на зрелоста, не препишуваа на првиот испит

06.06.2024 15:16

Првиот круг државната матура во земјава остави отворено прашање за степенот на зрелоста и на младите и на возрасните. Кога станува збор за пробивањето на тестовите и препишувањето, во Прилеп помина без проблеми и неподелен е ставот дека државната матура треба да ја има, да се санкционираат само прекршителите и да се зајакнат мерките...

Во петте прилепски средни училишта матурантите го положија испитот по македонски на државната матура. Барем што се однесува до почитувањето на правилата, прописите.

Поради ситуацијата со пробивање и препишување на државната матура, сите се недвосмислени – не треба да се поништува, само казна за прекршителите и зајакнати мерки. Државната матура е битна. Друго прашање се приемните на факултетите.

Испитот на зрелоста токму тоа треба да го покаже. И кај младите и кај возрасните.

 

Елизабета Митреска