Турција

Силен земјотрес ја погоди Турција

06.06.2024 17:56

Земјотрес од 4,3 степени според Рихтеровата скала ја погоди источната Турција денес, јавува Европскиот медитерански сеизмолошки институт (ЕМСЦ)...

Земјотрес од 4,3 степени според Рихтеровата скала ја погоди источната Турција денес, јавува Европскиот медитерански сеизмолошки институт (ЕМСЦ).

Земјотресот се случи на длабочина од осум километри.

Епицентарот на земјотресот бил 32 километра југоисточно од градот Малатија, во кој живеат повеќе од 400.000 жители.

Засега нема податоци за можна материјална штета.