Правосудство

Лимани и Камбовски се избрани за нови членови во Судскиот совет

06.06.2024 19:55

Лимани кој доаѓа од Врховниот суд добил 7 гласови, додека од битолското апелационо подрачје избран е судијата Александар Камбовски со добиени 28 гласови...

Денеска се гласаше за двајца нови членови на Судскиот совет, еден од редот на врховните судии, друг од Апелационото подрачје – Битола. Судиите Исамедин Лимани и Александар Камбовски се нови членови на Судскиот совет. Лимани кој доаѓа од Врховниот суд добил 7 гласови, додека од битолското апелационо подрачје избран е судијата Александар Камбовски со добиени 28 гласови. Известува Борис Грујоски.