Регион
Тројно убиство во Србија
06.06.2024 21:26
22-годишник со ловечка пушка ги убил дедото (81), бабата (83) и таткото (60) во семејната куќа во Књажевац, Србија...

22-годишник со ловечка пушка ги убил дедото (81), бабата (83) и таткото (60) во семејната куќа во Књажевац, Србија.
Младиот човек рекол дека убиствата ги извршил од сочувство бидејќи дедо му бил неподвижен, а татко му и баба му тешко болни.
„Тој е уапсен и го признал делото. На полицијата и рекол дека повеќе не може да се грижи за нив“, изјави министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ.
Осомничениот млад човек претходно не бил осудуван, а ќе следи истрага по што треба да се знаат повеќе информации.
