Реакции по израелскиот напад врз училиште на УНРВА
Шефот на палестинската агенција на ООН Лазарини го обвини Израел дека не ги предупредил за нападот врз училиштето во Нусејрат во кој загинаа десетици цивили, меѓу кои и деца...

Шефот на палестинската агенција на ООН Лазарини го обвини Израел дека не ги предупредил за нападот врз училиштето во Нусејрат во кој загинаа десетици цивили, меѓу кои и деца.
„Бевме во училиштето кога ги слушнавме проектилите. Истрчав надвор и видов пожар. Гореа три училници, загинаа многу луѓе, меѓу нив и татко ми“, изјави Маха Иса, раселена.
Шефот на ООН Гутереш со осуда за нападот-објектите на мировниците мора да бидат заштитени. Реагира и меѓународната заедница. Борел бара итна истрага и одговорност. Вашингтон на линија со Тел Авив. Израел тврди дека уништиле темпирана бомба на Хамас. Два пати го одложувале нападот поради цивили во областа.
„Терористите во ова училиште планираа повеќе напади врз Израелците. Запревме темпирана бомба. Разузнавачките служби ни укажаа дека тие дејствувале од внатрешноста на овие три училници. Комплексот неколку дена беше надгледуван од воздух. И покрај сложените оперативни услови, извршен е прецизен напад таргетиран на три специфични училници каде што се криеја терористите“, изјави Даниел Хагари, портпарол на израелската одбрана.
Од Стејт департментот потврдија дека разговарале со израелската влада. Очекуваат транспарентност во јавноста за нападот.
