Жестоки борби на целата линија на фронтот во Украина
Франција најави обука на пилоти и испорака на борбени авиони Мираж за Украина во наредните месеци...

Руските сили ја напаѓаат украинската армија на речиси целата линија на фронтот, концентрирајќи ги своите сили на правците Купјанск и Покровски во харковската област-соопшти украинскиот Генералштаб. Франција најави обука на пилоти и испорака на борбени авиони Мираж за Украина во наредните месеци.
„Овие француски борбени авиони ќе и овозможат на Украина да ја заштити својата почва и нејзиниот воздушен простор. Но, не ви дозволуваме да го користите нашето оружје за да напаѓате цивили и да бомбардирате цели во Русија, туку да ги неутрализирате целите што ве напаѓаат“, изјави Емануел Макрон, претседател на Франција.
Американскиот претседател Бајден исто така вети дека Украина нема да користи американско оружје за напад врз Москва. Изјави дека САД нема да отстапат од одбраната на Киев, ниту пак, да дозволат повеќе Русија да се заканува на Европа.
„Нема да заминеме бидејќи ако го направиме тоа, Украина ќе биде потчинета и нема да заврши тука. Соседите на Украина ќе бидат загрозени, цела Европа ќе биде загрозена“, изјави Џо Бајден, претседател на САД.
Кремљ во неколку наврати предупреди дека земјите што го снабдуваат Киев со оружје со долг дострел ќе се соочат со последици.
