САД

Бајден нема да го помилува син му ако биде осуден

07.06.2024 08:24

Изјави дека ќе ја почитува пресудата во судскиот процес кој почна неделава...

Американскиот претседател Бајден вели дека нема да го помилува својот син Хантер, кому му се суди во Делавер под обвинение дека го прекршил законот кој им забранува на корисниците на дрога да поседуваат огнено оружје. Изјави дека ќе ја почитува пресудата во судскиот процес кој почна неделава. 

Хантер кој се изјасни за невин, се соочува со затворска казна до 25 години доколку биде осуден по сите точки од обвинението.