Денеска почнува 58-то издание на македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“
Под мотото „Промени се, промени сè“, од денес па се до 14 јуни Прилеп ќе биде домаќин на 58-то издание на македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“...

Под мотото „Промени се, промени сè“, од денес па се до 14 јуни Прилеп ќе биде домаќин на 58-то издание на македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“.
Во програмата на 58. МТФ „Војдан Чернодрински“ доминира потребата да се најдат нови читања на стари теми, истовремено создавајќи поинаков третман на просторот.
Иницијалната позиција од која е направена селекцијата на претстави е да се дефинира сериозна голема театарска претстава која е во контекст или со годинашниот автор во фокус – Горан Стефановски или во контекст на современиот пристап во третирањето на театарот денес. Ќе биде прикажано тоа што е современо и актуелно, истовремено во корелација со европските театарски трендови.
Тркалезни маси, работилници, промоции на книги, детска зона и многу други содржини ве очекуваат во Прилеп во наредните 7 дена.
