Бугарија

В недела нови парламентарни избори во Бугарија

07.06.2024 09:05

Аналитичарите велат, шансите за стабилна коалиција што може да стави крај на долгиот период на политичка нестабилност се мали...

Бугарите в недела гласаат на нови, шести по ред предвремени парламентарни избори во последните три години. Аналитичарите велат, шансите за стабилна коалиција што може да стави крај на долгиот период на политичка нестабилност се мали.

Бугарија се бори со честите промени на владата откако антикорупциските протести во 2020 година помогнаа да се собори коалицијата предводена од централно-десничарската партија ГЕРБ. Оттогаш, претседателот Румен Радев мораше да назначи пет привремени влади, бидејќи последователните избори не донесоа јасен резултат и создадоа нестабилни коалиции кои брзо се распаднаа.