ЦУК

ЦУК: Четири пожари на отворено се регистрирани во последното деноноќие

07.06.2024 09:17

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 1.862 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК во последното деноноќие...

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 1.862 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК во последното деноноќие, од коишто „реални“ повици биле 61,76%, а 38,24% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 66,11%, кон Итната медицинска помош 28,19%, а кон пожарникарите 2,68% од реалните повици кон 112 во ЦУК.

Инаку, имало 730 повици за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици (3,02%) и на тие што се именувани како „неитни повици“ (39%). Сите тие биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК).

Четири пожари на отворено се регистрирани во последното деноноќие. Пожарникарите интервенирале за гаснење во: Општина Центар (една помала интервенција), Општина Битола кај с. Велушина (имало запалено ѓубре), Општина Карбинци помеѓу селата Аргулица и Црвулево (гаснеле запалена ниска вегетација) и во Општина Неготино (гаснеле запалена ниска вегетација на 0,3 хаектри и на 0,1 гаснеле запалени жито, два напуштени објекта и 12 пчелни семејства).