Министрите за култура од регионот го посетија Вевчани

27.06.2014 21:35

Со традиционална нафора и домашни колбаси во националниот ресторан „Пупинова куќа“ во Вевчани вечерва беа пречекани министрите и замениците-министри на земјите од регионот на Југоисточна Европа кои ќе учествуваат на министерската конференција на Советот на министри за култура на Југоисточна Европа (КОМОКОСЕЕ)  што ќе се одржи утре во Охрид, на тема „Јакнење на културата во функција на развојот“.
 
Високите гости ги пречекаа заменик-министерот за култура на Република Македонија Драган Недељковиќ и градоначалникот на Вевчани,Цветомир Угриноски кој истакна дека Вевчани има непроценливо културно-историско богатство кое вреди да се посети.
 
Гостите ги посетија и познатите Вевчански извори преку традиционалниот македонски обичај со носење на невестата на вода.
 
Јованчо Наумоски