Гаши појасни дека неговата татковина е Северна Македонија
„Сакам да појаснам дека Африм Гаши е роден во Скопје, каде живее и работи со своето семејство, а негова татковина е Северна Македонија“, вели претседателот на законодавниот дом...

Собранискиот спикер, Африм Гаши денеска појасни дека неговата изјава, каде што наводно вели оти „Косово е негова татковина“ и којашто предизвика лавина реакции во јавноста, била искривена и погрешно протолкувана.
„Сакам да појаснам дека Африм Гаши е роден во Скопје, каде живее и работи со своето семејство, а негова татковина е Северна Македонија“, вели претседателот на законодавниот дом.
Гаши посочи дека точната негова изјава, кажана во интервјуто била следнава: „Косово е родно место или татковина на моите родители и јас го почитувам како такво заради нив“. Спикерот, настаната збрка ја објаснува со сложеноста на албанскиот јазик. Претходно, мандатарот Мицкоски рече дека ако Гаши навистина рекол оти Косово е негова татковина, тој треба да ѝ се извини на македонската јавност.
