Атлетика
Двајца натпреварувачи од Македонија на ЕП во атлетика
07.06.2024 11:19
Од денеска па до 12 јуни стадионот „Олимпико“ во Рим ќе биде домаќин на Европското првенство (ЕП) во атлетика...

Од денеска па до 12 јуни стадионот „Олимпико“ во Рим ќе биде домаќин на Европското првенство (ЕП) во атлетика.
Овој голем спортски настан ќе биде последна проверка за атлетичарите пред настапот на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Париз. На тартанот на „Олимпико“ ќе ги видиме најголемите европски атлетски ѕвезди, меѓу кои ќе има и двајца атлетичари од Македонија.
Тоа се Андреас Трајковски, кој ќе настапи во квалификациите во скок во далечина. Ова ќе биде негово прво учество на ЕП сениори. Вториот македонски претставник на ЕП е рекордерот во повеќе дисциплини, Дарио Ивановски кој ќе настапи во полумаратонската трка, во недела.
