РОМАНИЈА

Експлозија во трговски центар во Романија, најмалку 13 повредени

07.06.2024 12:21

Еден од повредените е во тешка состојба и е интубиран, на 10-мина кои се со разни повреди и изгореници веднаш им е пружена лекарска помош...

Најмалку 13 лица, од кои едно потешко се повредени при експлозија што се случи во трговски центар во Ботошани на североистокот од Романија. Еден од повредените е во тешка состојба и е интубиран, на 10-мина кои се со разни повреди и изгореници веднаш им е пружена лекарска помош.

Засега не е јасно што ја предизвикало експлозијата, ниту дали повредените се муштерии или дел од персоналот. Екипите за спасување и пожарникарите го пребаруваат местото.