Собрание
Собранието ја почна втората седница
07.06.2024 12:34
Собранието денеска ја почна втората седница со расправа по првата точка од дневниот ред за Верификацијата на мандат на пратеници во Собранието...

Собранието денеска ја почна втората седница со расправа по првата точка од дневниот ред за Верификацијата на мандат на пратеници во Собранието.
На дневен ред на седницата се Предлог одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието, како и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа, по скратена постапка, предложен од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
