Собрание
Закон за реорганизација на државната управа
07.06.2024 13:18
Од ВМРО-ДПМНЕ, по објавата во дел од медиумите дека Законот е повлечен, ја демантираа веста појаснувајќи дека Законот на кусо бил повлечен поради исправка на номотехничка грешка, по што повторно е ставен на дневен ред на собраниската седница. ..

Предлог-законот за реорганизација на органите на државната управа кратко беше повлечен од дневен ред од денешната собраниска седница. Од ВМРО-ДПМНЕ, по објавата во дел од медиумите дека Законот е повлечен, ја демантираа веста појаснувајќи дека Законот на кусо бил повлечен поради исправка на номотехничка грешка, по што повторно е ставен на дневен ред на собраниската седница. Од Собранието известува Миле Ристески.
