АХВ

Колку е безбедна храната што ја јадеме?

07.06.2024 14:21

На Агенцијата за храна и ветеринарство и фалат 40 инспектори, ама не уверуваат дека јадеме безбедна храна. Ако има производи со истечен рок во маркети – грешката е на операторите, велат од Агенцијата...

Храна со поминат рок на употреба, подготвена и послужена во нехигиенски услови, несоодветно означена и неозначена, сомнежи за труење со храна се само дел од пријавите на граѓаните до АХВ. Некои од оние со кои поразговаравме ги проверуваат потеклото и рокот на производите, други пак им веруваат на производителите. На некои им значи цената, на други квалитетот.

И покрај тоа што недостигаат најмалку 40-тина инспектори, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство уверува дека јадеме безбедна храна при извршените над 22.000 инспекциски контроли во првите пет месеци од годината.

Се случува некои од земјите во ЕУ да ни вратат извезена храна. Грешката е во примарното производство каде се користат одредени пестициди. Наредната недела земјава ја очекува топол бран до 39 степени, па производите треба да се складираат на температура не повисока од пет степени-апелира Бабовски на Светскиот ден на безбедната храна.

 

Александра Велинова