Собрание

Реорганизација на државната управа

07.06.2024 14:16

Законот за реорганизација на државната управа во собраниска процедура. Мандаторот Мицкоски сака функционална и ефикасна влада што ќе спроведе реформи, опозицијата забележа на скратената постапка...

Собранието ја изгласа потребата од измени во Законот за државна управа. За решението е потребно двотретинско мнозинство. Мандатарот и предлагач на законот Христијан Мицкоски побара поддршка од сите пратеници и посочи дека суштината на измените е реформа во администрацијата за решавање на проблемите на граѓаните.

Опозицијата вели, суштински закон не се носи по скратена постапка. СДСМ и „Левица“ бараа повлекување на измените од пленарка, но тоа не се случи.

ДУИ уште се занимава со легитимитетот и не гласаше ниту за, ниту против.

Реформата на државната управа предвидува нови министерства за спорт, енергетика, дигитализација, а ќе има и ново Министерство за администрација. Дел од одредени оддели во ресорите се префрлаат од едно во друго министерство.

 

Миле Ристески