Вељаноски-Ѓул: Турција се залага за прием на Македонија во НАТО

28.06.2014 10:36

Претседателот на  Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски во рамки на посетата на Турција  беше примен од турскиот претседателот Абдула Ѓул, а денеска во Истанбул ќе има средба со фанариотскиот православен патријарх Вартоломеј. 
 
Турскиот претседател истакнал дека Македонија има многу силно лоби во Турција за привлекување инвестиции и оти земјата има потенцијал кој треба да се искористи. Турција ја поддржува Македонија во евроатланските интеграции, а турскиот претседател лично се заложил кај ганералниот секретар на НАТО Андрес Фог Расмусен за прием на земјата во Алијансата.
 
Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски денеска во Истанбул ќе има средба со фанариотскиот православен патријарх Вартоломеј.
 
Средбата на Вељаноски со патријархот е во рамки на дводневната официјална посета на претседателот на македонското Собрание на Турција. Првиот парламентарец последен пат имаше средба со патријархот во 2010 година.