Според статистиката измерен раст на инфлацијата
Според статистиката, поскапувањето минатиот месец на ниво на цела економија изнесува 4,5 проценти во однос на истиот месец претходната година...

Инфлацијата мерена во мај во трговската малопродажба во Македонија е зголемена за дури 5,8 отсто во однос на истиот месец од минатата година, објави Државниот завод за статистика.
Цените продолжуваат да растат. Државниот завод за статистика измери дека инфлацијата во мај е минимално зголемена во однос на април за 0,9 проценти, но, ако се направи споредба со мај минатата година, тогаш растот изнесува 4,5 проценти. цените на мало се зголемени за 5 отсто.
Најмногу поскапело овошјето за 22 процената, повисоки цени имаат и лебот и житата за 4,3 проценти, зеленчукот за 2 процента, млекото, сирењето и јајцата за речиси 4 проценти, додека кај шеќерот, чоколадите и другите кондиторски производи растот е 7 проценти.
Транспортот поскапел за 10,3 проценти, ресторанските и хотелските услуги 8,5 отсто.
