Решенијата за проблемите во АД Пошта се бараат со помирувач определен од МТСП
Синдикатот на Македонска пошта информира дека штрајкот што требаше да почне денеска нема да се одржи поради тоа што се прават обиди за наоѓање решение за проблемите преку преговори со помирувач определен од Министерството за труд и социјална политика...

Синдикатот на Македонска пошта информира дека штрајкот што требаше да почне денеска нема да се одржи поради тоа што се прават обиди за наоѓање решение за проблемите преку преговори со помирувач определен од Министерството за труд и социјална политика. Првата средба веќе се одржала вчера и на неа биле разгледани барањата и определена динамиката на преговори во наредниот период.
Од Синдикатот појаснуваат дека помирувачот, ги информирал дека нема добиено одговор од Владата и ресорното Министерство за транспорт и врски за одржување заедничка средба, со констатација дека преговорите во ваква ситуација не може да отпочнат поради фактот што нема во моментов министер кој раководи со Министерството, а заменикот-министер не одговорил на дописите испратени од страна на помирувачот.
