ЦУК

Холанѓанец повреден во Охридско Езеро, пренесен во Општата болница

07.06.2024 15:04

Денеска околу 12 часот, државјанин на Холандија се повредил во Охридското Езеро...

Денеска околу 12 часот, државјанин на Холандија се повредил во Охридското Езеро.

ЦУК соопшти дека преку итниот број 112 добиле пријава за повредено лице кое било пренесено со кајче до пристаништето на хотелот „Александрија“ во Охрид.

Повредениот Холанѓанец, кој удрил во камен во езерото, бил преземен од Итна медицинска помош. Тој е надвор од животна опасност и е пренесен во Општата болница во Охрид на одделот за хирургија.