Врсничко насилство

Тенка е линијата од кавга до трагедија

07.06.2024 17:28

Полицијата вели дека постапува по пријавите за врсничко насилство, но родители кои се „изгореле“ во животот и во наивна детска пресметка загубиле чедо, испраќаат порака ...

Вчера во 19.50 часот во свр Скопје, 33 годишник пријавил дека неговиот син бил нападнат од двајца малолетници во училишниот двор во Драчево. Ова е информација од последниот билтен на МВР. Речиси на дневна основа стигнуваат слични за булинг или за врсничко насилство. Полицијата вели дека постапува по нив, но родители кои се „изгореле“ во животот и во наивна детска пресметка загубиле чедо, испраќаат порака преку приказната што ја изработи Наташа Јанчичќ-Менкоски за МТВ и платформата „Само прашај“.