еу

Тече гласањето за избор на нов состав на Европарламентот

08.06.2024 09:53

Партиите на десницата и екстремната десница ќе забележат значително зголемување на бројот на нивните мандати, што може да резултира со нарушување на балансот на силите во корист на десноцентристичката европската народна партија...

Актуелното мнозинство околу центарот што го сочинуваат демохристијаните, социјалдемократите и либералите ќе освои повеќе од половина на местата во новиот состав на Европскиот парламент. Партиите на десницата и екстремната десница ќе забележат значително зголемување на бројот на нивните мандати, што може да резултира со нарушување на балансот на силите во корист на десноцентристичката европската народна партија.

Ова се прогнозите на аналитичарите за очекувањата од европските избори, што започнаа во четвртокот во Холандија, продолжија вчера со гласање во Ирска и првиот изборен ден во Чешка, по што денеска се одржува вториот изборен ден во Чешка, како и во Италија, Летонија, Малта, Словачка и во француските прекуморски територии.

Италијанците ќе гласаат и утре, кога евроизборите ќе се одржат и во останатите 20 членки на ЕУ, вклучително и во европскиот дел на Франција.