Завршни битки за останување во Лигата на шампионите
Започнува сведувањето на сметките во групната фаза од Лигата на фудбалските шампиони. Вечер се отвораат вратите на 8 стадиони за екипите кои ги сочинуваат А, Б, Ц и Д групата.

Започнува сведувањето на сметките во групната фаза од Лигата на фудбалските шампиони. Вечер се отвораат вратите на 8 стадиони за екипите кои ги сочинуваат А, Б, Ц и Д групата.
Во А групата сигурен учесник во нокаут фазата е Манчестер јунајтед, на второто место јуришаат Шахтјор и Баер Леверкузен. Во Б групата Реал Мадрид е супериорен, а Јувентус и Галатасарај во меѓусебниот дуел го коваат опстанокот во Лигата на шампионите.На Јувентус му е доволен бод,на екипата на Галатасарај и е неопходна победа. ПСЖ е неприкосновен во Ц групата.Олимпијакос со победа над Андерлехт ќе обезбеди билет за 1/8 финалето, а Бенфика има пред себе тешка мисија:победа над ПСЖ и надеж дека Андерлехт нема да загуби во Атина.Во Д групата натпреварот меѓу Баерн и Манчестер сити ќе решава за првото место, а Плзењ и ЦСКА ќе ја бијат битката за учество во Лигата на Европа.
А група:
Манчестер јунајтед-Шахтјор
Реал Сосиедад- Баер Леверкузен
Табела:
1.Манчестер јунајтед 11
2.Шахтјор 8
3.Баер Леверкузен 7
4.Реал Сосиедад 1
Б група:
Галатасарај- Јувентус
Копенхаген- Реал Мадрид
Табела:
1.Реал Мадрид 13
2.Јувентус 6
3.Галатасарај 4
4.Копенхаген 4
Ц група:
Бенфика- ПСЖ
Олимпијакос- Андерлехт
Табела:
1.ПСЖ 13
2.Олимпијакос 7
3.Бенфика 7
4.Андерлехт 1
Д група:
Баерн Минхен- Манчестер сити
Плзењ- ЦСКА Москва
Табела:
1.Баерн Минхен 15
2.Манчестер С. 12
3.ЦСКА 3
4.Плзењ 0
Сите натпревари започнуваат во 20 часот и 45 минути.
Златко Калински
