Пораст на извозот и трговската размена
По неколкуте турбулентни години извозно ориентираните компании на Пелагонискиот регион кој учествува со 12 посто во создавањето на вкупниот БДП, конечно бележат поевидентен раст во извозот и трговската размена. Од Регионалната стопанска комора апелираат за пофлексибилна даночна и кредитна политика како продолжување на програмата на Агенцијата за вработување за симулација на нововработени …

Според актуелните состојби проектираниот национален економски раст од три посто во Пелагонискиот регион се очекува да биде не само остварен туку натфрлен. Извозно ориентираните стопански субјекти за првите пет месеци од годината бележат раст на извозот и трговската размена за околу 10-одсто. Ако минатата година имавме една милијарда и сто милиони евра вкупен трговски обрт, годинава се очекува тој да биде поголем за сто милиони евра велат од Регионалната стопанска комора.
Велковски вели дека има зголемување на договорите за одредени земјоделски производи. Овој тренд да добие на уште поголема динамика смета дека мора да има владина помош во даночната и кредитната политика како и промоцијата.
Битен фактор вели е да се продолжи со стимулативната програма на Агенцијата за вработување за нововработени лица. Засега нема некои поголеми контингенти на работници од странство па напорите за задржување на домашната работна сила се сведува преку зголемување на личните доходи. Според последните податоци просечната плата во пелагонискиот регион е над 38.000 денари.
Стече Митревски
