Израел

Нов напад врз кампот Буреиј

08.06.2024 14:22

За време на операциите во јужниот дел на Појасот Газа, припадниците на ИД извршија рација и уништија воен комплекс на Хамас во населбата тел султан во Рафах, соопшти израелската војска...

Најмалку 14 Палестинци загинаа, а десетици од нив се повредени во нов израелски напад врз кампот Буреиј во централниот дел на Појасот Газа, јавуваат палестинските медиуми. За време на операциите во јужниот дел на Појасот Газа, припадниците на ИД извршија рација и уништија воен комплекс на Хамас во населбата тел султан во Рафах, соопшти израелската војска. Обединетите нации ги ставија на црната листа Израел и Хамас како земји и организации кои им штетат на децата во конфликтните зони. Температурите продолжуваат да растат во појасот газа додека раселените Палестинци во кампот Џабалија, северно од енклавата, продолжуваат да се борат со недостигот на вода. Семејствата се редат со часови под сонцето, пред бурињата со вода кои чекаат да ги наполнат кофите и контејнерите со вода што им треба внимателно да ја рационализираат.

„Нема вода, нема храна. Децата ни умреа од жед. Не се миеме. На телото ни е нечистотија. Не влегуваме во бањите. Немаме што да преживееме. Немаме ништо. Немаме вода нема струја, нема ништо за пиење. Имај милост“, изјави Басам Абу Рокбах, раселеник.

„Тоа е вистински проблем, чекаме некој од донаторите да го помине патот за да не се смилува и да ни донесе вода. Немаме вода, нема бунари, нема ништо. Има катастрофа, неприродна и голема катастрофа животот е по вода, без вода“, изјави Абу Анан.

„Животните потреби се нула, а под нулата, училниците се целосно изгорени, облеката ни е црна, станавме како питачи, нема животни потреби и нема ништо, а што се однесува до храна и пијалак, непостоечки или речиси непостоечка, а помошта тешко стигнува, премините се затворени, помош нема, бунарите се сите уништени“, изјави Хасан Едван, раселено лице.