Бајден во Париз на средба со Макрон, на врвот на агендата Украина
САД важат за убедливо најголемиот придонесувач во одбраната на Украина, додека Франција го финализира создавањето на коалиција на воени инструктори за Киев...

Американскиот претседател Џо Бајден во Париз на средба со францускиот претседател Емануел Макрон. На врвот на агендата на двајцата лидери е Украина. САД важат за убедливо најголемиот придонесувач во одбраната на Украина, додека Франција го финализира создавањето на коалиција на воени инструктори за Киев.
И Макрон и Бајден досега често реагираа на темпото со кое се испраќа поддршка за Киев. Двајцата претседатели во четвртокот присуствуваа на церемониите што се организираа по повод 80-годишнината од денот „Д“.
Имаа одделни средби со украинскиот претседател Зеленски од кои порачаа дека има итна потреба за поддршка на Киев против руската инвазија.
