Државна матура

Преку 720 матуранти во Прилеп го полагаа изборниот предмет

08.06.2024 14:43

Во Прилеп без проблеми помина полагањето изборен предмет од државната матура. Од преку 720 матуранти, најмногу го избраа англискиот јазик, математика тие што мораа …

Преку 700 прилепски матуранти го полагаа изборниот предмет од државната матура. Тричасовното полагање се одвиваше без непречено, потврдуваат директорите на училиштата. Само еден ученик е отстранет кај кого е пронајден мобилен телефон. Според правилата, испитот е поништен.

Матурантите најмногу заинтересирани за англискиот јазик. Математика само на оние на кои им треба за факултетски упис.

Испитот на зрелоста кај младите ги става на испит и возрасните. За нив битна е државната матура, но и мерките за да нема препишувања и пробивања.

Во Прилеп полагаа 723 матуранти од пет средни училишта. Главна преокупација им беше англискиот јазик.

 

Елизабета Митреска