Политика

Четворица претенденти за претседател на СДСМ

08.06.2024 16:10

Венко Филипче, Славјанка Петровска, Јован Деспотовски и Александар Бајдевски се четворицата претенденти за тронот во партијата. Како и во секој изборен процес и во овој внатрепартиски, сите четворица велат дека ќе обрнат поголемо внимание на гласот на членството кое било подзаборавено во политичките процеси...

Се анализираат причините за поразот на изборите, но и паралелно се одвива процесот за нов претседател и раководство на една од најголемите партии во земјава, Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија. Венко Филипче, Славјанка Петровска, Јован Деспотовски и Александар Бајдевски се четворицата претенденти за тронот во партијата. Како и во секој изборен процес и во овој внатрепартиски, сите четворица велат дека ќе обрнат поголемо внимание на гласот на членството кое било подзаборавено во политичките процеси.

Сите имаат програми за работа во следниот период. Но, и визија како да се подобри целокупното функционирање на партијата.

Останува во недела социјалдемократите на Конгрес да ги анализираат сопствените грешки кои доведоа до катастрофален пораз на изборите, а веќе на 30-ти јуни да го изберат новиот партиски лидер, еден од четворицата пријавени.

 

Миле Ристески