Споделени тестовите од екстерниот по англиски јазик и математика, препишувачите отстранети, тестаторите заменети со нови
Матурантите полагаа втор екстерен испит, дел од нив и денеска споделуваа тестови во Вибер групите идентично кога полагаа мајчин јазик. Препишувачите кај кои бил пронајден мобилен телефон биле отстранети, заедно со нив и дел од тестаторите. Во Кичево, родител вербално ги нападнал набљудувачите...

И овој пат матурантите беа пред тестаторите и набљудувачите. Носеле по два телефона, едниот го оставале, со друг барале помош. Откако биле поделени тестовите, во 9.45 тестот по англиски јазик бил фотографиран и споделен во Вибер група, која имала над 3.000 членови. 8 минути подоцна бил споделен и тестот по математика, во група во која имало околу 400 членови. Државната испитна комисија овој пат со построги мерки.
Таму каде што се фатени препишувачи, отстранети се и тестаторите и заменети со нови. Во десетина градови се отстранети ученици. Во Кичево родител тргнал да се пресмета.
Учениците со свое видување за полагањето.
Државната матура треба да биде проверка на знаење не стрес. Од училиштата со предлог.
Денеска се полагаше вториот дел од матурскиот испит по странски јазик, математика, филозофија или естетика. 13.000 матуранти полагаа англиски јазик, околу 1.300 математика.
Наташа Јанчиќ Менковски
