Сè уште нема решение на проблемот со недостиг на кадар во градинките во истокот
Сè уште нема решение на проблемот со недостиг на кадар во детските градинки. Повеќе од 900 воспитувачки и негувателки четири години чекаат да добијат лиценца, но нема оператор кој би го вршел лиценцирањето. Проблемот да се реши во текот на летото, бараат од градинките. Во руралните општини проблем е и малиот капацитет на градинките …

Недостиг на кадар и просторни услови – ова е проблем на градинките во скоро сите општини од истокот. Проблемот е посебно изразен во трите рурални општини во источниот регион, каде градинките се со мал капацитет. Во општина Чешиново – Облешево има градинки во три села кои згрижуваат вкупно 120 деца, во Зрновци има една градинка со капацитет за 60 деца, а во единствената градинка во Општина Карбинци се згрижуваат само 50 деца. Надлежните во сите три рурални општини бараат проширување на постоечките објекти.
Недостигот на кадар е долгогогодишен проблем во градинките и сите до една работат со проширени групи на листата на чекање за упис во Штип има педесетина деца, главно на возраст до една година.
Капацитетот на градинките во Штип е околу 1.500, а во Кочани 680. Таму на листа на чекање се стотина деца. Решение на кадровскиот проблем е во сертифицирање и вработување на потребниот кадар.
Славица Величковска
