ЕУ

Во Европската унија избори за нов состав на Европскиот парламент

08.06.2024 17:46

Во недела навечер се очекуваат првите проекции на идниот Европски парламент. Тие ќе го потврдат континуираниот пораст на власта на десничарските националисти...

Околу 360-те милиони европски гласачи се повикани на гласање до недела за да ги изберат 720-те свои претставници во Европскиот парламент. Во недела навечер се очекуваат првите проекции на идниот Европски парламент. Тие ќе го потврдат континуираниот пораст на власта на десничарските националисти. Европските избори ќе создадат нови баланси на силите во Европскиот парламент.

Известува Тони Гламчевски