Данска
Нападната данската премиерка Мете Фредериксен
08.06.2024 18:15
Нападот се случил на плоштадот во центарот на градот, кога еден човек ѝ пришол и ја удрил. Напаѓачот е уапсен...

Данската премиерка Мете Фредериксен била нападната во центарот на Копенхаген, соопшти нејзиниот кабинет. Посочија дека премиерката се здобила со полесни повреди на вратот и била шокирана од инцидентот.
Нападот се случил на плоштадот во центарот на градот, кога еден човек ѝ пришол и ја удрил. Напаѓачот е уапсен.
Полицијата го истражува инцидентот, но не соопшти повеќе детали.
