Временска прогноза

Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност

09.06.2024 08:41

Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне ќе има изолирана појава на локален пороен дожд и грмежи...

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне ќе има изолирана појава на локален пороен дожд и грмежи.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 12 до 20 степени, а максималната ќе достигне до 36 степени.

Во Скопје сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.