Политика

СДСМ одржува Конгрес, ќе ги анализира изборните резултати

09.06.2024 09:05

Се очекува според најавите да бидат дефинирани рокови и начин на спроведување на внатрепартиски избори на сите нивоа...

СДСМ одржува Конгрес. Членството ќе ги анализира изборните резултати и причините за поразот на парламентарните избори. Се очекува според најавите да бидат дефинирани рокови и начин на спроведување на внатрепартиски избори на сите нивоа. 

Централниот одбор предлага измени на Статутот со нови правилници и критериуми, меѓу другото претседателот избран на вонредни внатрепартиски избори да има мандат од 4 години. Откако целото раководство по изборниот пораз даде оставка, пред членството е предизвикот за обнова на партијата, избор на нов претседател, заменик-претседател, раководство на сите органи и тела на централно и локално ниво.