Појас Газа

Најмалку 210 загинати во израелски напад во Нусејрат

09.06.2024 09:51

Десетици илјади луѓе синоќа се собраа во Тел Авив, повикувајќи ја израелската влада да постигне договор со Хамас за ослободување на 120-те заложници кои сè уште се во Појасот Газа...

Најмалку 210 луѓе, меѓу кои жени и деца, загинаа во нов израелски напад во Нусејрат и околината, според владата во Газа. Десетици илјади луѓе синоќа се собраа во Тел Авив, повикувајќи ја израелската влада да постигне договор со Хамас за ослободување на 120-те заложници кои сè уште се во Појасот Газа, по веста за успешното спасување на четворица заложници претходно истиот ден. 

 
Демонстранти се собраа во повеќе градови од каде бараат нови избори.