Машкото здравје сè уште претставува табу-тема, превенцијата е неопходна
Мора да се надминат стереотипите и предрасудите за машкото здравје. Неопходни се превенција, разговори и поголемо внимание да се спречи најлошото. Лична трагедија во Прилеп предизвика битка за машкото здравје и раритетен прирачник за оваа, условно речено, сè уште, табу-тема на овие простори. Идната е недела на машкото здравје …

Личната трагедија на прилепското семејство Лукароски кое го загуби 26-годишниот син Филип поради канцер, им даде поттик отворено да се проговори за машкото здравје и да се дејствува. Сè уште е табу-тема на овие простори која за 5 години го скратува животот на мажите во однос на жените.
Раритетниот прирачник за машкото здравје со совети и мислења на еминентни стручњаци од земјава укажува дека нема цена грижата и за физичкото и за менталното здравје. Превенцијата е неопходна, исто колку поништувањето на стереотипите дека мажот не треба да покажува емоции.
Податоците дека сè повеќе млади се на Онкологија, треба итно да ја разбудат нашата свест за здравјето.
Елизабета Митреска
