мвр

120 санкционирани возачи во Скопје, 22 возачи на мотоцикл

09.06.2024 11:44

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови...

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 120 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 12 санкции, 22 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, седум санкции за користење мобилен телефон при возење.

Изречени се три мерки за некористење сигурносен појас, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло).

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да се придонесе за посигурни патишта, информираат од МВР.