Во Германија нападнати европски политичари во екот на изборите на ЕУ
Пред кафуле во центарот на Карлсруе биле нападнати од маскирани лица. Како што соопштуваат медиумите, двајцата се полесно повредени, а досега полицијата привела пет лица, но по сослушување, ги ослободила...

Не стивнуваат нападите врз европски политичари во екот на изборите во Европската унија. Во Германија тројца политичари од екстремно десничарската алтернатива биле нападнати во два одвоени инциденти синоќа. Пред кафуле во центарот на Карлсруе биле нападнати од маскирани лица. Како што соопштуваат медиумите, двајцата се полесно повредени, а досега полицијата привела пет лица, но по сослушување, ги ослободила.
Осомничените сторители побегнале. И минатата недела нивни член бил нападнат во Дрезден, соопшти партијата. Германија во последните месеци беше погодена од напади врз политичари од целиот политички спектар.
