воен конфликт

Гранатирани повеќе места во Керсон

09.06.2024 14:24

Русија не успеа да ја спроведе „Операцијата Харков“ и насоката дополнително ќе се зајакне, најави украинскиот претседател Зеленски...

На украинскиот фронт гранатирани 15 населени места во областа Керсон, а борбите се водат во уште три региони, соопштија украинските власти. Русија не успеа да ја спроведе „Операцијата Харков“ и насоката дополнително ќе се зајакне, најави украинскиот претседател Зеленски.

Од друга страна, Москва продолжува да известува за соборување на беспилотни летала над регионот на Белгород.