Европа
Чешка ги зајакнува безбедносните мерки поради закани од терористички напади
09.06.2024 12:59
Зголемени патроли ги чуваат автобуските и железничките станици, трговските центри и местата каде што се собира голем број луѓе...

Чешката полиција ги зајакна безбедносните мерки во Прага поради закани од терористички напади. Зголемени патроли ги чуваат автобуските и железничките станици, трговските центри и местата каде што се собира голем број луѓе.
„Можам да потврдам дека полицијата во моментов презема превентивни мерки. Се води истрага поврзана со напади во странство. Осомничениот е уапсен. На луѓето во Чешка не им се заканува поголем ризик, изјави министерот за внатрешни работи Вит Ракушан.
Чешкиот Совет за национална безбедност утре ќе одржи итен состанок.
