живот

Прв Фестивал за женско здравје „Јас сум …“

09.06.2024 15:19

Жената во нашето општество се става на последно место давајќи им приоритет на семејството и работата. Потребна е поголема свест за женското здравје и повеќе време за себе, бидејќи така ќе биде и подобра мајка, сопруга, работничка, домаќинка, е порака на првиот Фестивал за женско здравје кој се одржа со повеќе работилници и активности...

„Ако се сака, со добра организација, има време за сè“ – жените и девојките вака одговараат пред предизвиците и големите обврски што ги носат на сопствениот грб. За нив ова е стил на живот, не се жалат за товарот поради кој некогаш се запоставуваат и себеси.

Жената во нашето општество сè помалку има време за себе и се става на последно место, давајќи им приоритет на семејството и работата – велат психолозите. Жената за да може да одговори на сите обврски, треба да биде пред сè здрава, да го одржува своето тело, што влијае и на психичкиот живот. Во стресниот и нездрав начин на живот малку практикуваат здрава храна.

Менаџирање на стрес и лутина, умствен лавиринт, грижа за телото, работилница за себељубов и зајакнување на самодовербата, нутриционистичко катче-беа дел од работилниците на првиот Фестивал за женско здравје „Јас сум …“.

 

Александра Велинова