Партии

СДСМ го прекина Конгресот

09.06.2024 15:43

СДСМ го прекина Конгресот. Ковачевски се изјасни за повлекувањето по изборниот пораз, Зечевиќ даде отчет за резултатите. Општинските организации барале дополнително време да го анализираат Извештајот...

Денешниот Конгрес на СДСМ се прекина и одложи откако раководствата на општинските организации побараа дополнително време за подготовка на Извештајот за парламентарните и претседателските избори.

Ова барање на општинските организации било прифатено од страна на раководството на партијата. 

Конгресот на СДСМ ќе продолжи откако општинските организации ќе се произнесат за Извештајот за претседателските и парламентарните избори, а терминот дополнително ќе биде утврден.