Унгарците покрај изборите за Европскиот парламент, гласаат и на локални
Многумина овие избори ги гледаат како референдум за популарноста на премиерот Виктор Орбан и неговата десничарска популистичка партија „Фидес“, која речиси 15 години ја има власта в раце, а сега е пред еден од најсериозните предизвици...

Унгарците покрај изборите за Европскиот парламент, гласаат и на локални. Многумина овие избори ги гледаат како референдум за популарноста на премиерот Виктор Орбан и неговата десничарска популистичка партија „Фидес“, која речиси 15 години ја има власта в раце, а сега е пред еден од најсериозните предизвици.
„Орбан секогаш може генијално да сфати со која стратегија може да се победи. И мислам дека во овој момент тој исто така знае што ќе му помогне да победи“, изјави Ѓула Кнал, жител на Будимпешта.
„Овие избори се вистински европски. Тоа не се избори за членство, туку повеќе се европски промирни или провоени избори“, изјави Виктор Орбан, унгарски премиер.
