еу
Франција оди на избори, Макрон го распушти парламентот по поразот на изборите за ЕП
09.06.2024 22:18
Францускиот претседател Емануел Макрон го распушти парламентот вечерва по тешкиот пораз на неговата партија на денешните избори за Европскиот парламент …

Завршија европските избори. Според првичните резултати, победник на европските избори во Франција е десничарскиот „Национален фронт“ на Марин Ле Пен со 32 отсто, што е над двојно повеќе од партијата „Ренесанса“ на Макрон.
Францускиот претседател Емануел Макрон го распушти Националното собрание и најави предвремени поради лошите резултати на неговата партија на гласањето за Европскиот парламент.
Изборите треба да се одржат на 30-ти јуни, а вториот круг на 7-ми јули.
