Временска прогноза
Сончево и многу топло
10.06.2024 08:19
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец...

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи.
Максималната температура ќе биде во интервал од 29 до 36 степени. УВ индексот ќе биде 9.
Времето во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.
