Средба Гаши - Агелер
Претседателот на собранието Африм Гаши напладне ќе се сретне со американската амбасадорка во земјава, Анџела Агелер...

Претседателот на собранието Африм Гаши напладне ќе се сретне со американската амбасадорка во земјава, Анџела Агелер. До крајот на неделава собранискиот спикер Гаши ќе има одвоени средби со германската амбасадорка Дрекслер и со грчката заменик-министерка за надворешни работи Пападополу и амбасадорката Филипиду, која ја напушти собраниската галерија додека траеше заклетвата на новата претседателка Сиљановска-Давкова, откако таа наместо придавката северна, употреби само Македонија.
Гаши во петокот ја оствари првата средба по изборот со евроамбасадорот Дејвид Гир и со претставници на делегацијата на Европската унија во земјава.
Гир изрази очекување дека новиот парламентарен состав ќе работи посветено во остварувањето на стратешката цел на земјата за полноправно членство во Европската унија.
